380
Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на твитер се подбива со британскиот амбасадор Чарлс Герет и неговите предвидувања за иднината на Македонија.
-Се покажа во сегашноста, па се зафати и со иднината- напиша Јанкулоска со хаштаг „Нострадамус“.
Ова следува откако Герет ги искажа своите предвидувања за земјата, како дел од кампањата „Македонија 2027”, што ја започна Британската амбасада.
Гарет, меѓудругото предвидува дека во 2027 година, Македонија: ќе има жена премиер, ќе биде една од економски најперспективните земји во регионот, судскиот систем ќе биде целосно независен, ќе се почитува владеењето на правото, во 2020 година ќе го реши спорот за името со Грција, ќе стане дел од Европската Унија и од НАТО.