Дополнителни 5,2 милиони евра за чистење на снегот

by fokus 19:44
19:44

Над 5,2 милиони евра дополнително ќе бидат потрошени за ангажирање приватни фирми за справување со снегот, јави 24 Вести.

Сумата треба да го покрие ангажирањето на механизација, како и набавката на индустриска сол и ризла. Најмногу ќе чини чистењето на регионалните и магистралните патишта за што ЈП Македонија пат ќе потроши 3 милиони евра. Останатите околу 2,2 милиони евра се за чистење на улиците на Градот Скопје и општините.

Претходно, „Македонија пат” склучи договор со уште три приватни фирми за чистење на снегот во износ од 1,5 милиони евра.

И покрај милионските суми потрошени за чистење на снегот, голем дел од улиците и патиштата се едвај проодни, а десетици села со денови се отсечени од светот.

Поврзани новости