Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот ќе се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство.
Јанкулоска е помилувана 13 пати во врска со случаите што ги покрена СЈО.
Иницијалите Г.Ј. во информациите од јавното обвинителство, се споменуваат во предметите поврзани со „Злосторничко здружување“, „Неовластено прислушување“, „Злосторство против човечноста“, „Фалсификување исправа“, „Повреда на избирачкото право“, „Повреда на рамноправноста на граѓаните“, како и повеќе предмети за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Повреда на слободата на определување на избирачите“.
Денеска на распит во СЈО беше и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалкови второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“.