Јаневска: Граѓаните од различни населени места ми укажуваат дека образованието оди во лоша насока

by Fokus

Весна Јаневска, претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Утрински печат“ рече дека се потребни вистински промени во образованиот систем, а овие реформи кои што ги носи власта, не се успешни.

„Потребно е да направиме сопствена национална програма за нашите деца која би можела да земе искуство од странство, но која би требала да биде поврзана со нашите традиции, култура. Не беше реално тоа со дигитални учебници и непостоење на хартиени учебници. Нашите деца, нашите наставници сакаат учебници“, нагласи Јаневска.

Таа укажа дека преку кампања на својата партија има можност да оствари средби со луѓе од повеќе населени места каде што и укажуваат дека образованието се движи во лоша насока и се уплашени за своите деца.

„Популистички мерки во образованието не се решение, нема да родат со плод. Ако зборуваме за интегрирани предмети ние немаме таков наставен кадар. Факултетите не продуцираат кој може да предава природни науки, интегрирани воопшто предмети. Според мене ова исто беше несоодветно ние да интегрираме предмети, а немаме таков кадар. Би требало прво реформата да биде на наставничките факултети, за да подготвиме таков кадар ако сакаме да спроведеме такво нешто“, заклучи Јаневска.

Поврзани новости