553
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешното гостување на работилница во Брисел, посочила дека СЈО се соочува со многу предизвици, но вели дека таа и нејзините соработници нема да се обесхрабрат и да се откажат од мисијата која што им била зададена.
Јанева порача дека СЈО продолжува да работи, водејќи се од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите.
Специјалната обвинителка во Брисел беше говорник на работилница на тема „ Зајакнување на отпорноста кон корупцијата и заробувањето на државата во Југоисточна Европа “.
Во рамки на посетата на Брисел, покрај учеството на работилницата, Јанева ќе има средби и со членови на Европскиот парламент.