Грчев: Инспектори го сардисаа Архитектонски факултет, како одмазда за вештачењето за „Космос“

by fokus 18:49
18:49

Група инспектори од повеќе агенции и инспекторати денеска во Архитектонскиот факултет бараа документи поврзани со работата на факултетот на случајот ТНТ – уривање на Космос.

Веста за Фокус ја потврди професорот Мирослав Грчев, кој беше ангажиран од факултетот да направи експертиза вештачење за уривањето на објектот на Фијат Цаноски. Архитектонскиот факултет беше избран од Специјалното обвинителство како институција која треба да ја изврши оваа ревизија.

„Денеска пратија инспекции на Архитектонскиот факултет, за некако да го уништат вештачењето во врска со случајот ТНТ. Бараат форма, проблем со кој би се обиделе тоа да го направат. Дојдоа повеќе инспекции Управна, Просветна, можеби уште некој и бараат податоци во врска со мојата мојата лиценца за судски вештак, која ја дава Министерството за правда. Видоа опасност од судски процес и сега се обидуваат да влијаат на доказите или сведоците. Инсистираат на документи во врска со мене, а бидејќи не можат да најдат, вршат притисок врз факултетот, дојдоа со многу инспекции за да сеат страв. Тоа е против законски“ изјави Грчев за Фокус.

Во случајот ТНТ осомничени се екс премиерот Груевски, екс министерот Јанакиески, градоначалникот на Гази Баба и уште неколку луѓе од општината кои имаа своја улога во уривањето на Космос, дека на незаконски начин поттикнале и го урнале објектот на Цаноски.

Космос беше срушен летото 2011, само два дена по затворањето на А1 Телевизија. Упатените уште тогаш сметаа дека станува збор за политичка одмазда врз бизнисменот Фијат Цаноски.

Во бомбите на опозицијата можеше да се чуе како била договорана целата акција.

Поврзани новости