411
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска по одложувањето на судењето во кое првообвинет е Никола Груевски, го повика судот да почне да работи.
-Писмото од Советот на јавни обвинители го дадов на запознавање на сите предмети па ќе се произнесеме. Најважно е судот да почне да работи и предметите да тргнат во судот, да почнеме да расправаме за нашите предмети во судот. Година ипол нашето обвинителство еден збор нема ставено на записник во кривичниот суд на главна расправа, тоа нам ни е најголемиот проблем во овој момент, рече Јанева.
Таа додаде дека приоритет им се нивните предмети кои се активни и извештајот кој треба да го достават на 15. септември.