ЕУ: Нашите пораки се јасни, Иванов да ја преиспита својата одлука

by fokus

Европската унија останува на ставот на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, се вели во одговорот упатен денеска до Алсат-М на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот на државата во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека пораките испратени пред една недела од Могерини биле јасни и оти претседателот Иванов е оној кој треба да ја преиспита својата одлука.

-Запознаени сме со писмото на претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање на новата влада, изјави Коцијанчич.

Кочијанчич не ја коментираше ниту платформата, освен дека секоја  владината програма треба да биде во согласност со Уставот.

Поврзани новости