Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со полициска придружба, од домашен притвор, беше донесена во Кривичниот суд, каде што треба да стартува судењето за „Рекет“. На истиот начин до судот беше донесен и Зоран Милевски Кичеец, а се уште се чека спроводот на Бојан Јовановски.
Според обвинението, Кичеец и Боки 13 од бизнисменот Орце Камчев побарале 8 милиони евра за со амин на Јанева да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“. Тој наводно им исплатил 1,5 милион евра, а обвинителството успеало да докаже каде завршил еден дел од парите.
Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор. Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Кичеец, пак, е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.
В. В.