Јанева: Со Бојан зборувавме за љубов и мода, знаеше и да ме критикува за гардеробата

by Fokus

„Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата“, изјави Јанева на судењето за „Рекет“ каде е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Имав болки во грбот и барав некој мебел, па Бојан ми рече дека имале некоја компензација со продавница за мебел. Таа гарнитура е моја. Ја имам платено и за тоа имам од Бојан каса-прими“, рече Јанева.

Таа додава дека Бојан Јовановски го запознала кога дошол во СЈО како претставник на неговата телевизија.

„Првичниот негов предлог за гостување во емисија беше одбиен, по што продолживме неврзан разговор. Ме распраша за синот кој беше дипломиран, но невработен правник. После некое време, иако на син ми му беше желба да биде адвокат, започна да работи во 1ТВ – истакна Јанева.

 

Поврзани новости