Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на Канал 5 откри дека се очекува до петок да стигне второспената одлука за пресудата на Никола Груевски, и потоа тече рокот од 20 дена во кој треба да му биде доставен упатен акт за одење во затвор.
-Бавната правда е неправда. Во овој случај беше донесена пресудата релативно брзо и се надевам дека исто така брзо ќе го видиме господинот Никола Груевски зад решетки, дека ќе оди на отсужување на својата казна затвор од две години. За 20 дена би можело тоа да се заврши, сум работела на такви предмети. До петок се очекува да ја добиеме второстепената пресуда, по што тече рокот од 20 дена да се изготви упатен акт и да му се достави на Груевски и да си оди во затвор, рече Јанева.