Етеми: За земјиштето кај Мајчин дом платив пет милиони евра, општината требало порано да реагира

by fokus

Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот.

– Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки. Јас бев денеска кај градоначалникот на средба и ме информира дека ќе донесе одлука за да го стопира градењето на зградата, бидејќи оградата на градилиштето не била поставена според одобрението за градба. Јас не се согласувам со тоа и ќе поднесам жалба. За да не дојде до овој проблем и до оваа ситуација требаше многу порано да се реагира, а не кога е уплатено земјиштето 3 милиони евра, комуналиите 2 и кусур евра, вкупно се потрошени 5 и пол милиони евра, што е висока сума – изјави инвеститорот Етеми за 1ТВ.

Според него не е во ред советниците што го гласале ДУП-от сега да протестираат и да нанесуваат голема штета на бизнис заедницата.

-Го разбирам револтот на граѓаните. Но треба да бидеме коректни до крај. Велат дека им го земам зеленилото, но тоа е мој имот, тоа е мое уставно гарантрано право на имот – изјави Етеми.

Поврзани новости