Јанева: Сама се предложив кај адекватните луѓе за специјална обвинителка

by Фокус

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска го даде првото интервју откако беше назначена на позицијата. За телевизија 24 Вести таа зборуваше за својата нова фукнција. За тоа кој ја предложил за специјална обвинителка, таа рече дека сама се пријавила.

-Со изборот бев и јас изненадена. Лично со своја воља конкурирав и ги исконтактирав адекватните луѓе кои сметав дека треба да бидат исконтактирани и сега и јас сум малку изненадена од изборот, но и почестена, изјави Јанева во своето прво интервју.

Таа уште рече и дека секој збор кој ќе влезе во Обвинителството ќе биде анализиран законски.

-Секој збор што ќе влезе во тоа специјално Обвинителство, ќе биде на адекватен начин анализиран законски, очекувам голема меѓународна поддршка во откривање на фактичката состојба. Е тоа дали ќе му се допаѓа на некој или не, тоа ќе оставиме времето да покаже, рече Катица Јанева во интервјуто за 24 Вести.

Поврзани новости