Јанева: Поголемиот дел од буџетот на СЈО се троши за вештачења!

by fokus

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во интервју за „Независен“ зборува и за буџетот на СЈО, односно појанува на што се трошат парите. Во јавноста често пати има забелешки дека располагаат со голем буџет за разлика од редовнто обвинителство и дека обвинителите во СЈО земаат повисоки плати.

-Со новиот закон останува нашиот буџет да го предлагаме самите и да не може врз тоа никој да влијае. Станува збор за меѓународни стандарди во оваа област. Сметам дека ресурсите и во Јавното обвинителство ќе бидат подобрени, има многу проекти во кои учествуваме и помагаме и ние, со цел јавните обвинителства да бидат поекипирани и да можат поефикасно да ги извршуваат задачите. Иако имаме поголем буџет, тоа не значи дека ја трошиме целата сума. Поголемиот дел од буџетот и претходно се користеше за вештачења, како и за други материјални трошоци неопходни за брзо и ефикасно завршување на истрагите за кои бевме ограничени со 18 месеци, имавме и други трошоци како тие за адаптирање на зградата во која сме сместени. Јас мислам дека сегашната влада има добар сенс за правосудството и за подобрување на интегритетот и независноста, не само на обвинителите, туку и на целата правосудна фела, вели Јанева.

Поврзани новости