Јанева: Ова не е крај, продолжуваме со истрагите!

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истакна дека иако утре завршува рокот за поднесување на обвиненија, тоа не значи дека ќе запрат со работа, односно најави дека во наредниот период со исто темпо ќе продолжат да работат на истрагите.

Обвинителката Јанева додаде дека им претстои многу работа, споменувајќи го случајот „Скопје 2014“ и „Монструм“.

СЈО досега преслуша 45 проценти од незаконски прислушуваните материјали, што значи дека до крајот на мандатот кој им е ограничен на пет години треба да ги дослушаат и останатите 55 проценти.

Поврзани новости