347
Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера кусо изјави дека очекува сите лица кои биле повикани на распит во СЈО неделава да бидат сослушани.
-Јас се надевам дека неделава ќе дојдат да дадат исказ сите тие што беа повикани минатата недела, но не дојдоа. Неделава очекуваме во СЈО исказ да дадат и други лица поврзани со тековните предмети, рече Јанева.
Вчера на распит во СЈО беа најбогатиот Македонец, Орце Камчев, како и министерката за култура, Елизабета Канческа Милеска.