Јанева нема да даде исказ пред Русковска, ќе се брани со молчење

by fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева нема да дава исказ пред обвинителката Вилма Русковска за истрагата „Рекет“, односно одлучила да се брани со молчење.

-Јанева ќе го искористи правото да не дава исказ во оваа фаза на постапката, изјави адвокатката Ирена Фрчкоска за „Фокус“.

Јанева и нејзините адвокати имаат рок од уште два дена до обвинителството да предложат свои докази и сведоци, но адвокатката Фрчкоска вели дека и тоа право ќе го искористат понатака во постапката.

Во наредните неколку дена се очекува Апелација да одлучи и дали Јанева ќе излезе од притвор, а наскоро се очекува и обвинителката Рускосковска да го поднесе обвинението за „Рекет“.

-Истрагата ми заврши пред повеќе од 15 дена. Исказ на обвинет не е процесно дејствие, туку право да даде одбрана или да го користи правото на молчење, ни одговори обвинителката Русковска на прашањето дали е точна информацијата дека за неколку дена ќе биде поднесен обвинителниот акт.

Валентина Вурмо

Поврзани новости