415
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска нагласи дека тие не отстапуваат од барањето за притвор за Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“.
– Кога се работи за криминал за каков што е осомничен Кочан, пракса е во државата да се бара притвор за лицето. Сакаме господинот Сеад Кочан да оди во притвор. Тоа е нашиот став. Ова сега е судска работа, ако не викнат ние ќе го повториме нашиот став, бидејќи е осомничен во нашиот случај“, изјави денеска Јанева.
Скопска Апелација ја прифати жалбата на СЈО за гаранцијата на бизнисменот Кочан во висина од околу 900 илјади евра.