517
Ја разбирам нервозата на пратеникот зошто СЈО продолжува да работи, одговори специјалната обвинителка Катица Јанева во однос на констатацијата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО се претворило во генератор на правна несигурност.
-Специјалното јавно обвинителство работи според законот, кој вели до завршување на сите постапки – рече Јанева, коментирајќи ги обвинмувањата дека СЈО работи надвор од мандатот.
Претходно, Илиоски ја праша специјалната јавна обвинителка дали прислушувани разговори има на црниот пазар, како и зошто ангажираат само вештаци кои се поранешни функционери на СДСМ?