СДСМ бара Мазнева да се повлече од Програмскиот совет на МРТВ, бидејќи влегла во кабинетот на Мицковски

by Фокус 16:50
16:50

Назначувањето на Косана Мазнева на висока партиска функција во кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во време кога истовремено е и член и на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, јасно го покажува односот на ДПМНЕ кон медиумите и го потврдува обидот за партиско влијание врз работата на јавниот сервис, реагираат од СДСМ.

„Мазнева, носителката на висока функција во кабинтетот на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, мора веднаш да поднесе неотповиклива оставка од Програмскиот совет на МРТ. Со овој случај уште еднаш се потврдува потребата од реформи во јавниот сервис што ќе овозможат професионализација на МРТ и дополнително ја потврдува потребата од законска регулација во овој дел“, стои во партиското соопштение.

- Advertisements -

Од владејачката партија истакнуваат дека новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе стави крај на партизацијата на јавниот сервис и ќе обезбеди просефионално, независно и непартиско раководно тело на МРТ.

Поврзани новости