Јанева му одговори на Груевски, нема да ги изземе обвинителите Донев и Ристевска

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и одговори на одбраната на Никола Груевски дека нема да ги изземе обвинителите Ленче Ристовска и Стевче Донев, откако тие денес на рочиштето за случајот „Тенк“ побараа изземање на обвинителите, но и изземање на Јанева.

Обвинителот Донев на продолжението на рочиштето за „Тенк“ до судот достави известување од обвинителката Јанева во кое пишува дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ристовска.

Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува јавната расправа и затоа предложи судењето да продолжи бидејќи не постојат никакви пречки за тоа.

Судијката Добрила Кацарска повторно даде пауза за да може одбраната да ги разгледа поднесоците од СЈО.

На денешното рочиште беше предвидено одбрана да дадат обвинетите Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради ризична бременост. Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 580.000 евра.

Поврзани новости