513
Тројцата обвинети во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд.
Судењето почна со еден час задоцнување, бидејќи се чекаше Јовановски да биде донесен од затворот во Шутка.
Јанева и Кичеец беа донесе во суд со полициска придружба од домашен притвор, а Боки 13 од Шутка со полицаец кој го држеше додека се движеше.
Јанева дојде со двајцата адвокати, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, Кичеец седна на обвинителна клупа со адвокатите, Сања Алексиќ и Александар Новаковски, а Боки 13 со адвокатот Сашо Дуковски.
Рочиштето веднаш на почетокот беше прекинато поради технички проблем со озвучувањето.