Саем „Купи куќа-купи стан“: Намалени каматни стапки и многу поволности

by fokus

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, денеска ги промовираше поволностите што ги нуди Саемот „Купи куќа-купи стан“, каде граѓаните ќе можат да се информираат за понудите за недвижнините.

„На овој саем се намалуваат каматните стапки. Се работи за воведување на нови поволности за младите до 35 години. За оваа година е одлучено државата да плаќа 70 отсто од ратата во првите пет години. Доколку имаат ново или посвоено дете, граѓанинот може да добие 30 отсто за субвенционирање од една година. Веруваме дека ќе има интерес на овој саем. Максималното учество од страна на државата е 12.5 милиони евра и со оваа одлука ќе им се помогне на оние на кои им е најпотребно“, истакна Ангеловска.

Поврзани новости