Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“.

Ова го кажа судијката Марија Клетничка, откако адвокатот Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради како што рече нивните меѓусебни конфронтаации, за кои била запознаена целата јавност.

 

Судијката појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган.

Сега, судијката Клетничка ќе и ја прати снимката од денешното рочиште на шефицата на СЈО, Јанева, по што таа треба да донесе одлука.

Пред неколку дена обвинителката Фетаи и Јанева влегоа во јавна расправа, откако Фетаи откри дека ја опцула преку камера биејќи наредила нејзин претрес при влез и излез во СЈО.

Случајот „Титаник 3″ е пред самиот финиш, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

В.В.

Поврзани новости