Кумановец загина во сообраќајка откако со својот автомобил излетал од пат

by Fokus

Утрово кај Свети Николе, 45 – годишен кумановец загина во сообраќајна незгода откако со својот „голф“ излетал од патот.

„На 19.08.2019 околу 02,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од нас. Ајдучка чешма и нас.Перо Чичо, Т.Т.(45) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово“, велат од МВР.

Поврзани новости