Јанева и Зврлевски во битка за предметот против Божиновски

by fokus

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција до крај одбива да и го предаде на Катица Јанева предметот против новинарот Зоран Божиновски.

Јанева го бара предметот за Божиновски со образложение дека тој е дел од Шпион, случај кој веќе е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Од основното јавно обвинителствопак, се уште се држат на одлуката на Советот на јавни обвинители, кои во април годинава одлучија дека надлежноста за овој предмет не треба да се менува.

Претходно, од СЈО обвинија и дека Кривичниот суд му се обраќа на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а го исклучува Специјалното јавно обвинителство, иако тоа има надлежност за случајот „Шпион“.

Од СЈО потенцираат дека со одлуката на Скопска апелација, комплетната надлежност врз целиот случај е нивна и дека тоа што Кривичниот суд го вмешува Обвинителството за организиран криминал, што е дел од тимот обвинители на Марко Зврлевски е незаконски потег на Судот.

Од Основниот суд Скопје 1 пак викендов соопштија дека намаат намера да и го дадат на Катица Јанева случајот со Божиновски, со образложение дека до нив не била стигната никаква одлука од Апелацијата со која предметот се презема од СЈО.

Инаку, судскиот процес против екстрадираниот новинар Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион” е закажан за први септември.

Поврзани новости