834
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се уште се наоѓа на болничко лекување, а таму најверојатно ќе остане се до понеделник, вели адвокатката Ирена Фрчкоска за „Фокус“.
Јанева веќе три дена е на лекување во приватната болница „Филип Втори“, бидејќи во истражниот затвор „Скопје“ се пожалила на висок крвен притисок и општа анксиозност. Првичните анализи покажувале на прединфарктна состојба.
Во текот на следната недела адвокатскиот тим на Јанева очекува да биде прифатен нејзиниот предлог да се брани од слобода, за што понуди гаранција.
В.В.