Јанева: Груевски се појавуваше на сите покани и судења и сметавме дека нема потреба од притвор за овој случај

by fokus 21:21
21:21

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека тие барале притвор за Никола Груевски за случајот Титаник, каде станува збор за потешки криминални дела, а за случајот Тенк не побарале, бидејќи станува збор за помало дело, а и Груевски редовно се јавувал на сите покани и судења.

-СЈО побара притвор за истрагата Титаник, каде станува збор за висок криминал. Од страна на Судот беше одбиено нашето барање, немаше определени ни мерки. За случајот Тенк не побаравме притвор. Обвинетиот Груевски до минатиот четврток не одаваше настапи дека нема да се јави на Суд, и зошто ние би побарале да биде ставен во пртивор. Се јавуваше на сите покани и на сите судења и ние сметавме дека во овој момент нема потреба да поабраме таква мерка. Да не си ја префрламе вината едни на други, ние ги искористивме сите мерки. Се надевам дека бргу по дипломатски пат ќе биде вратени назад. Очекувам дека Груевски ќе биде екстрадиран, рече Јанева.

- Advertisements -

Поврзани новости