Јанакиески го осуди бегството на Груевски: Овој чин негативно ќе влијае врз предметите каде сме заедно обвинети

by fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 изјавил дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.

Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Поврзани новости