Јанева дојде во Собранието да продолжи да одговара на пратеничките прашања

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и денеска дојде на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се расправа за извештајот за работата на СЈО и на која пратениците и поставуваат прашања.

Откако вчера таа ја напушти седницата поради влошена здравствена состојба и потоа од СЈО соопштија дека е под лекарски надзор, денеска Јанева се чувствува подобро и ќе продолжи со одговарање на прашањата.

И на денешната седница присутен е и државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, но за него нема интерес за прашања од пратениците.

Поврзани новости