Шеќеринска: Ќе го намалиме бројот на наставни предмети во училиштата

by fokus

Ќе ги намалиме бројот на часови и на предмети во основно и во средно образование, а фокусот ќе го ставиме на математичките и на јазичните вештитни кај децата во Република Македонија, рече денеска Радмила Шеќеринска презентирајќи дел од програмата на СДСМ за образованието.

-Сметаме дека на македонското образование му треба темелна реформа, потребно е фокусот да го ставиме на оние вештини коишто ќе им помогнат на децата и на учениците, и полесно да дојдат до работа, а тоа е математиката и познавањето на неколку странски јазици. Ние сметаме дека ваквата реформа ќе вроди со плод, и ќе направи подобро образование, но и повеќе шанси на сите овие деца утре да дојдат до квалитетна работа, изјави Шеќеринска.

Таа додаде дека на Македонија и се потребни задоволни наставници, и исто така родители коишто ќе знаат дека нивните деца добиваат најдобро можно образование коешто ќе овозможи да си ја градат својата иднина во Република Македонија.

Поврзани новости