Јанева денеска е на распит кај Русковска

by Фокус

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска треба да даде исказ пред шефицата на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Како што е познато, Јанева на 20 август беше приведена во врска со аферата „Рекет“, под сомнение дека ја злоупотребила службената положба и влијаела за поповолна позиција на Орце Камчев во предметот „Империја”.

Вчера, пред надлежен обвинител се појави и првосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски, меѓутоа тој побара увид во доказите пред да даде исказ.

Поврзани новости