Јанева: Да знаете што знам јас од тие 660 илјади разговори, сигурно не би била на ова место

by Fokus

Катица Јанева на денешниот исказ во Судот за предметот „Рекет“ истакна дека имало преку 660 илјади разговори и дека никој од Специјалното јавно обвинителство ги нема дадено во јавноста.

„Да знаете вие што јас како специјален јавен обвинител знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука на ова место. Приватните разговори никогаш не излегоа до јавноста од вработените од СЈО. Тоа беше нивна должност, нивна службена должност“, рече Јанева.

Поврзани новости