„Фетаи требаше да биде мој заменик“, вели Јанева

by Fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева во денешниот исказ во судот за случајот „Рекет“ истакна дека и обвинителката Фатиме Фетаи требала да биде нејзината замена.

„Обвинителката Фатиме Фетаи требаше да биде мој заменик, но од неразјаснети причини за мене Советот не ја донесе таа одлука. Душата ми беше во СЈО, се гордеам на начинот на кој работев јас и моите помошници обвинители“, порача Јанева.

Таа појасни дека нејзини заменици биле Елизабета Јосифоска и Ленче Ристоска, а сакала да ја стави и Фатиме Фетаи, но таа одлука за промена не била одобрена од Советот.

Поврзани новости