476
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Филип Втори“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.
Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.
Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.
Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.