Дума останува во ДИК

by Фокус

Собранието со 48 гласа за, 25 против и без воздржани попладнево во рамки на 85. седница не ја донесе одлуката за разрешување на Виолета Дума, член на ДИК, јави МИА. За разрешување на Дума, на Собранието му беше потребно мнозинство од 82 пратеници.

Претседателот на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата Зоран Илиоски образложи дека Виолета Дума ги исполнува условите за пензионирање и затоа треба да биде разрешена од функцијата член на Државната изборна комисија.

– Во Изборниот законик е утврдено дека функцијата на членовите на Државната изборна комисија им престанува пред истекот на мандатот ако престане еден од условите и тоа поради нивно лично барање, поради нестручно и несовесно работење и поради исполнување услови за пензија. Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување во член 18, осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот за маж и 62 години за жена и 15 години најмалку работен стаж – објасни Илиоски.

Тој рече дека за време на разговорите за избор на нови членови на ДИК, било укажано дека Дума исполнува услови за пензија и оти откако ќе биде избрана, треба да биде разрешена.

Горан Мисовски од НСДП потсети дека жените врз основа на Закон имаат право да побараат продолжување на работниот век и оти Дума доставила писмо со вакво барање.

Според Рената Дескоска од СДСМ предлогот за разрешување на Дума е незаконски и дискриминаторски.

– Сето ова е всушност обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја оневозможи ДИК што побрзо и поефикасно да го почне процесот на прочистување на Избирачкиот список преку негова теренска проверка.Ситуацијата околу статусот на Виолета Дума е кристално чиста за разлика од статусот на Силвана Бонева која не го исполнува условот пропишан во Законот да е дипломирна правник со најмалку пет години стаж -рече Дескоска.

Доцна попладнево  Собранието донесе одлуа да се формира Анкетна комисија за скандалот со фабриката за лични карти, пасоши и другии документи, т.н. „фабрика за афери“.

Претседател на оваа комисија ќе биде пратеникот Илија Димовски. Задачата на комисијаата ќе биде да се утврди фактичката состојба со аферата со фалсификувани лични карти, пасоши и други документи , како и 70-те илјади прислушувани разговори, најдени во компјутер во фолдер Заев-СДСМ.

Опозицијата не предложи членови во комисијата и беше против фомирањето на оваа тело.

Поврзани новости