Државната изборна комисија денеска со допис ги известила Јане Мицевски и Малиша Станковиќ, кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека се следни на листата на пратеници во првата и втората изборна единица кои влегуваат во парламентот.
Тие доаѓаат на местата на пратениците Синиша Стојаноски и Бобан Николовски кои беа именувани за директори на ГОБ „8 Септември“, односно на Царинската управа.
„ДИК ја одржа 109-тата седница на која го разгледа известувањето доставено од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кое информира дека Собранието на седницата одржана денеска констатира дека на избраните пратеници Синиша Стојаноски и Бобан Николовски од Коалицијата ‘Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ им престанува мандатот на пратеници согласно чл. 152 од Изборниот законик“, информираат од ДИК.