Гир со коментар за „мешањето во земјава“: Делиме иста цел

by Фокус

Евроамбасадорот Дејвид Гир потсети дека владеењето на правото е клучно за влез во Европската Унија.

Ова следува откако претходно премиерот Христијан Мицкоски кажа дека станало практика амбасадори да се мешаат во внатрешните работи на државата, алудирајќи на коментарите на амбасадорите за иднината на Судскиот совет.

-Премиерот покрена важни прашања и тука сме согласни за потребата за реформи во владеењето на правото и ова е суштинско за европскиот пат на земјата. Секако, ќе продолжиме да се ангажираме, со премиерот, со Владата да дискутираме за најдобрите начини да се продолжи напред, како и за останатите делови од системот. Очекуваме да продолжиме со конструктивен однос, зашто делиме иста цел – да се приклучи земјата во Европската Унија што поскоро – рече Гир.

Поврзани новости