Советот на општина Кавадарци едногласно му даде овластување на градоначалникот Митко Јанчев да ги раскине договорите за јавно приватно партнерство за осветлување и зонско паркирање, кои беа потпишани од претходното општинско раководство на денешната осма седница.
Договорот за зонско се раскинува еднострано од општината, а за осветлување, спогодбено.
Градоначалникот Митко Јанчев се огласи по повод раскинувањето на договорите и за ,,Фокус’’ изјави дека тоа била негова иницијатива.
-Раскинувањето на договорите за јавно приватно партнерство за осветлување и зонско паркирање се по моја иницијатива.
Договорот од 2012 година за во тој период е добар договор. Но, со договор склучен на 15 години не може да се следи трендот и сите новитети на технологијата.
Граѓаните се жалат на лошо осветлување во општина Кавадарци, од таа причина договорено е спогодбено раскинување на договорот со приватниот партнер.
Оваа иницијатива беше моја, се со цел општина Кавадарци да добие модерни и економични светилки, а со тоа и подобро осветлување. Овој договор се раскинува спогодбено во корист на општината по моја иницијатива – потенцира градоначалникот Јанчев.
Вики Клинчарова