,,Го гледаме црвениот автомобил низ градот, слушнавме дека Јанчев и го поклонил на сопругата со која неодамна добија трето дете, дури и регистарските таблици се персонализирани со нејзините иницијали. Имаме информација дека се работи за модел кој што изнесува околу 260.000 евра’’ – ни кажаа во неколку наврати сограѓани на бизнисменот.
За да ја провериме информацијата, телефонски разговаравме со Јанчев, кој вели дека чаршиските муабети се делумно вистина, но делумно и голема лага.
,,По повод раѓањето на мојата ќерка, Мила, пред два и пол месеци, на сопругата и купив автомобил. Нема што да кријам, тоа е знак на љубов и внимание од моја страна. Имаме двајца синови, многу се радуваме за раѓањето на ќерката. Но нема ниту трошка вистина дека автомобилот изнесува 260.000 евра. Кога би можел, не гледам причина зошто не би и купил и Порше на жена ми, но сепак се работи за автомобил од марката Ауди ТТ, кој чини 28.000 евра. Мислам дека е голем бројот на семејства во земјава кои можат да си го дозволат и не гледам причина за реакции. Здравје, за четврто дете, ако можам, би купил и Порше, но сега морам да ги демантирам гласините за цената на автомобилот’’ – вели Јанчев.
Тој додава дека персонализираните регистарски таблички не се ништо ново или невообичаено во Кавадарци. Вели дека нема потреба, ниту пак може да ја скрие регистарската таблица на автомобилот, која гласела КА 8888 ВЈ.
,,Низ Кавадарци се возат автомобили со таблички на кои се испишани имињата на сопствениците, како на пример Трајче, Перо… Нема тука ништо чудно. Во Америка, речиси секоја табличка е со некоја порака, име.. Во нашиов случај, сопругата се вика Веселка, а мајка ми Виолета, па ете уште една причина за муабети помеѓу народот, чии иницијали сме ги одбрале’’- раскажува кандидатот за градоначалник.
Тој ќе ги измери силите со Бетиан Китев од СДСМ, на претстојните локални избори.