Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски не одговори на прашањето на телевзија Алсат М, дали земал провизија од договорот за изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип. Телевизијата прашањето го испратила до кабинетот на министерот за транспорт и врски, од каде што им ветиле дека ќе добијат одговор, но до крајот на денот тоа не се случило.
Јанакиевски не даде одговор дали е вистина дека е дел од коруптивниот план на владиниот врв за провизија од 25 милиони евра, за што се појавија индиции од последните објавени снимки од страна на СДСМ.
На официјалната веб страница на кинеската компанија „SinoHydro“, која ги градеше наведените два автопати, стои дека изградбата на двете делници чини многу помалку од она што го објави македонската влада.