Јанакиески: Три години ме шетате Шутка – дома, а пред влезот имам осум полицајци

by Fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој беше прогласен за виновен во случајот „27 април“ и осуден на затворска казна од 6 години и три месеци пред Судот објасни како изгледа да се живее во неговата зграда по бегството на Сашо Мијалков.

Зборувајќи за барањето на обвинителството мерката куќен притвор да му се замени со ефективен притвор, Јанакиески рече дека пред зградата го чуваат осум полициски службеници, а околу зградата кружат по две службени возила. Според него секое возило што излегува, се претресува.

-По бегството на Сашо Мијалков секој што влегува во мојата зграда се проверува. Сега е жешко и полицијаците седат во ходникот. Мислам дека е нечовечки да бидам носен во Шутка и назад. Три години ме шетате Шутка – дома, Шутка – дома. Ова е играње со човечки судбини. Tреба да се спремам и за другите случаи во кои сум обвинет, а престојот во Шутка го ограничува моето право на одбрана, рече Јанакиески.

 

Поврзани новости