Миле Јанакиески на денешната седница на Апелационен суд рече дека не знае колкава казна добил за предметот „ТНТ“ во кој е обвинет. Тој објасни дека во пресудата не му било засметано времето поминато во притвор.
„Јас во овој предмет не знам колку сум осуден, бидејќи на ден 20.5.2022 година на главна расправа судот ме осуди на казна затвор од траење од три години во која казна ми го засмета и времето поминато во притвор. Во писмено изработената пресуда е наведено дека сум осуден на казна затвор од три години и шест месеци без да се спомне времето поминато во притвор. Оваа одредба изготвувачот ја препишал од Предметот KOK 57-17 како што препишал и други одредби кои не се однесуваат на постапката опфатена со оваа пресуда“, рече Јанакиески.
Тој рече дека предметот „ТНТ“ незаконски го застапуваше виш јавен обвинтиел, а тоа се однесува на обвинителот Бурим Рустеми.
„Замислете, тој како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата, па каде е тука двостепеноста во постапката, но за тоа се води и кривична постапка. Каде е тука двостепеноста во постапката“, прашува Јанакиески.
Обвинетиот на денешната јавна седница на Апалација објасни дека долго време им се криел овој факт, но тоа го утврдиле при увид дека по влегување во сила на новиот закон за јавно обвинителство и по именувањето на Бурим Рустеми за Виш јавен обвинител на ден 9.11.2020 година Јавниот обвинител Љубомир Јовевски го овластува обвинителот Гаврил Бубевски да го води овој предмет.