447
За денеска во Кривичниот суд во Скопје, се закажани нови рочишта за предметите „ТНТ“ и „Титаник“ 3 на Специјалното јавно обвнителство.
Судењето за „ТНТ“ се однесува за незаконското уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и Тони Трајковски, тогашниот градоначалник на општина Гази Баба.
Рочиште денеска ќе има и за случајот „Титаник“ во кој Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ се товарат за уништување на изборен материјал како тогашни членови на ОИК во Чаир на локалните избори 2013 година.