Обвинетите во „Титаник 1“ и некогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески денеска излегуваат од Шутка и ќе преминат во домашен притвор.
Апелационен суд им го укина притворот, одредувајќи им поблага мерка да им се додели куќен притвор.
Исто така, дома си одат и Зорица Арсовска и Ненад Јосифовиќ, кои се притворени за случајот „Империја“.
„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 28.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Н.Ј. од С., К.Б. од С., З.А. од С. и М.Ј. од С..
Истовремено, со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-852/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот Н.Ј. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-864/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот К.Б. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-845/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот З.А. од С. е определена мерка куќен притвор.
Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-863/18 од 28.12.2018 година против обвинетиот М.Ј. од С. е определена мерка куќен притвор.
Воедно, со горенаведените решенија према обвинетите е изречена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на Апелација.