482
Одбраната на екс министерот, Миле Јанакиески, на судењето за случајот Топлик, побараа да се изврши стручна анализа на бомбите, за да се утврди дали се автентични, веродостојни и целосни.
Бомбите за овој случај беа презентирани на минатото рочиште, а по советување со технички советник на одбраната, утврдиле дека постои сомнеж телефонските разговори да се менувани.
-Автентичноста е спорна бидејќи се копии, па при превземањето или нивниот трансфер се создава можност за нивна измена. Постојат специјални лабаратории кои треба да ја утврдат автентичноста, целовитоста и континуитетот, рече адвокатката Сања Алексиќ.
На денешното рочиште треба да бидат презентирани 608 докази, поднесени од СЈО.
В.В.