Адвокатот Јанаки Митровски од Скопје им понуди бесплатна правна помош на изведувачите кои тврдат дека биле изиграни во потпишувањето договор со Владата за настап на големата прослава утре низ 15 градови.
„Повеќе артисти се јавија дека биле во заблуда, или на некој начин не знаеле во што се впуштаат кога потпишале договор за прослава на некаква си покана за НАТО. Заблуда, согласно законот за облигациони односи, е основ за раскинување на договор. Му нудам на секој артист бесплатна правна помош доколку сака да го раскине договорот. Доколку треба артистите да плаќаат пенали поради тоа, фер е да се помогне. И тоа прво од оние што сте најгласни. Отвараме сметка и донираме пари за таа цел. Јас прв донирам. Артисти охрабрете се, можеби ке изгубите еден хонорар ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме“, пишува Митровски на социјалните мрежи.