1.6K
Актерката Јана Стојановска тврди дека нејзината мајка, актерката Силвија Стојановска, нема никаква врска со шверцот на дрога.
-Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но само кратко, зошто брзо е установено дека таа нема никаква врска со дрога. Таа е доведена во ова поради братот на нејзиниот соруг, кој е осомничен за шверц. Мојата мајка без причина ја нападнаа и приведоа, таа е невина – вели Стојановска за српска Република.
Таа додава дека истрагата ќе докаже дали нејзиниот сопруг има врска со овој случај.