Пакомак во здружени сили со Министерството за животна средина и просторно планирање и СНС Ре-Пласт спроведе големата хуманитарно-еколошка акција “Едно Капаче-Една Надеж+”.
Целта на оваа акција e, да се надминат проблемите со транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните пластични капачиња наменети за рециклирање, како и да се најде решение дасе помогне оваа убава, едукативна, хумана акција да опстане широко распространета.
– На акцијата „Едно капаче-Една надеж + “се приклучивме и ние, учениците од IIIВ одделение со нашата наставничка Билјана Стојковод ООУ,,Јан Амос Коменски “-општината Карпош . За два месеца успеавме да собереме вкупно 2900 капачина!Секое донирано капаче е израз на ученичката хуманост и развиена еколошка свест!
За една инвалидска количка потребно е да се рециклираат 350.000 капачиња, но Пакомак повикува оваа акција да продолжи и граѓаните да се вклучат во селектирање на пластичните капачиња. Секако, граѓаните да не забораваат да ги селектираат и подготват за рециклирање и шишињата.