Максим Ацевски избран за главен државен ревизор

by fokus 14:47
14:47

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.

Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.

- Advertising -

Лилјана Кузмановска, рече дека пратениците ов ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за неговиот избор, бидејќи тој доаѓа од редот на ревизорите. Изборот на главен државен ревизор е многу важен, бидејќи, како што потенцира, Државниот завод за ревизија е еден од клучните сегменти во контролата на трошење народни пари.

На 6-ти овој месец, едногласно беше донесена одлуката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата Ацевски да му биде предложен на Собранието за избор за главен државен ревизор.
Комисијата заклучи дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.

Собранието на Република Северна Македонија денеска, исто така, го именуваше Крсте Шајновски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.

Поврзани новости